речник контакт

Премиера во велешки театар на ,,Волшебната шума,, претстава за деца

Современа адаптација на приказната за Јованче и Марика

Петар Печков

Како последна петта годишна премиера, велешкиот театар, четврток   напладне ќе ја прикаже претставата ,,Волшебната шума, во  режија на  Деан Дамјановски и драматизација на Катерина Момева.  Претставата е обработка на приказната на браќата Грим за ,,Јованче и Марица,, поместена  во новогодишна ноќ.

Класична претстава за  доброто и  злото, за  лакомоста на децата, со низа  сплетки  и случки, кои  на  крајот  стануваат  добри  деца.  Претставата ја изработивме  за две седмици и изобилува  со  многу сонгови и ќе  биде прифатлива за помладата  популација - најави  режисерот  Дамјановски.

  Ова е шеста  негова претстава во велешки театар  и шеста која е наменета за децата.  Во неа настапуваат Жарко Спасовски, Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Кети Борисовска, Марија Стефановска, Драгана Босниќ  и Александар Цветановски.  

Задоволство ми е  што играм во оваа  претстава, прва за мене  како детска. На последните проби ми се појави магијата, кога се присетив кога последен пат сум била како публика на детска претстава и сум го чекала Дедо Мраз - изјави актерката  Талија Настова.

Возбудливо е да се работи    претстава за најискрената публика, дечињата. Во нивните очи  се познава дали се воодушевени  и затоа се најискрени - вели актерот Спасовски.  

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Катерина Чукниева а авторската музика на поп пејачот Димитар Андоновски.   Претставата по премиерата ќе биде секојдневно на репертоарот на велешкиот театар.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »