Петар Печков
Објавено: среда, 03 декември 2014
Подготовките за првата премиера на велешки театар на ,,Најважната работа на светот,, во новата зграда се во полн ек. Од тоа што беше прикажано, при посетата на министерката за култура, може да се насети дека велешани ќе видат претстава која ќе ги насмее до солзи, ќе ги забави и расположи. Нејзината премиера е најавена за средината на декември.
Се надевам дека публиката урнебесно ќе се забави со оваа претстава, во тие два часа. Најтешко е да се напише комедија, не сакам да зборувам колку е тешко да се игра, да се режира. Комендијата е забавна само за публиката. За нас таа е крвав труд, со многу драматика, со неизвесен исход, резултат, само за публиката да се забавува - рече режисерот Љубиша Георгиевски. Во театарот веќе е поставена светлосната техника, ротацијата за сцената. Посетата на министерката Канчевска Милевска на пробата, за режисерот Георгиевски е неопходна за актерската екипа, на која и е потребна поддршка и ухранување. За авторот на текстот Братислав Димитров, ова трета соработка со велешки театар. Тој и натаму не открива која е најважната работа во светот.
На секое доаѓање на проба, се изненадувам што го гледам во различно светло, надградено до режисерот, актерите, кои се максимално креативни. А која е најважната работа на светот,. публиката ќе види на сцената - рече Димитров.
Со нетрпение чекам на првата премиера. Бескрајно се радувам, што од вечер во вечер ќе имаме можност да и претставиме на публиката со тажни и весели, интересни претстави. Да и возвратиме за безграничната љубов, на посветеноста, внимание, која не одржа денес, да имаме одлични услови, која издржи заедно со нас во оние стари очајни лоши услови. Театарот има смисла само ако има секоја вечер претстави - изјави директорот на театарот Јордан Витанов.
Tweet |