Петар Печков
Објавено: сабота, 15 април 2017
Бидејќи Велигден во разни цркви се празнувал на разни датуми царот Константин го свикал во 325 година Првиот собир во Никеја на кој се расправало по ова прашање и се донесени некои решенија. Но правилата по кои денес се одредува датумот на кој се паѓа Велигден се дефинирани дури во 526 година.
Според овие правила Велигден е секогаш по пролетната рамно дневница во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела но не смее да се совпадне со денот кога Евреите го празнуваат Пасха, ниту да биде пред него.
Ако е пред Пасха Велигден се одлага за првата недела по следната полна месечина, а ако се совпаднат во ист ден се одлага за следната недела. Велигден може да се падне на 35 датуми од 4-ти април до 8-ми мај што значи и два дена по Ѓурѓовден.
Догодина Велигден е на 8-ми април, во 2019-та на 29-ти април (тогаш ќе се празнува од Велики петок до Први мај - ПЕТ дена) но затоа во 2021 ќе бидат заедно, Велигден е на 2-ри мај.
Tweet |