Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 ноември 2011
Оштетениот автомобил полицијата го пронашла во 1,30 часот, при рутинска проверка на службената патрола. Автомобилот повторно бил паркиран на истото место, на улица Страшо Пинџур бр.7. Градоначалникот Петров останува на неговите претходно кажани зборови,дека никој со ништо не може да го попречи да ја работи функцијата по совест и закон.
Верувам во институциите на системот и убеден сум дека ќе ги преземат сите мерки за пронаоѓање на сторителот и успешно ќе си ја завршат својата работа – рече Петров.
На неговото возило марка ,,СААБ,, искршено е предното стакло. Во непосредна близина полицајците пронашле и камен, кој бил замотан во кесе. Полицијата најави дека ги бара сторителите на овој чин и расветлување на случајот. За првиот случај, кога беше демолиран автомобилот на Петров на 11-ти ноември, од СВР Велес објаснуваат дека има сомнителни лица и дека се испитуваат можните мотиви за да се најде и сторителот.
Tweet |