Петар Печков
Објавено: вторник, 27 август 2019
Ноќта неделата кон понеделникот, нешто по полноќ, велешанец бил приведен во полициска станциа, оти агресивно се однесувал кон полицијата.
На 26 август во 00.25 часот во СВР Велес бил приведен К.И.(29) од Велес поради тоа што на улица „Алексо Демниевски Бауман“,агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел службени дејства - информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот против К.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Tweet |