речник контакт

Продолжува постапката за бришење на Топилница од ДУП на Велес

Грдоначалникот вели има граѓански консензус против Топилницата на постојната локација, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата дека не гласала, СДСМ прашува зошто просторот за пренамена порасна од 30 на 45 хектари заштитено подрачје

Петар Печков

Продолжува постапката за бришење на Топилницата од Деталниот урбанистички план на општина Велес. Откако пред половина година се заврши еколошкиот  дел што го потврди и Министерството за животна средина, сега се продолжува со  градежниот кое е во надлежност на  Министерството за транспорт и врски. На последната седница беше изгласана пренаменета  на просторот каде сега се наоѓа Топилницата во зелен појас.  Градоначалникот на Велес најави дека локалната власт не отстапува од  волјата на велешани.

Со оваа одлука донесена на  седницата  за започнавме  постапката во градежниот дел. По неа ќе се произнесе Министерството за транспорт и врски за кога ќе се врати повторно Советот да ја донесе конечната одлука. Не се сомневам дека таа ќе биде иста, со што конечно ќе се симне прашањето за Топилницата тука во Велес. Ставот  на велешани е ист, непроменет  и градот  се бори осум години. Сега го очекуваме ставот на надлежното министерство за да  можеме натаму да продолжиме да ја  тераме постапката. Имаме градски  консензус по ова  прашање. За тешката индустрија вратите  се затворени, но за лесна  не заканувачка може да се инвестира  - изјави Славчо Чадиев градоначалник на Велес.  

На прашањето што со  објектите од Топилницата  кои сега се наоѓаат на државно земјиште, Чадиев рече дека  тие, локалната власт  нема да ги откупуваат туку со  промената на ДУП  Топилницата нема да може да  работи тука.  Просторот се предвидува да се пренамени во зелен појас, по барање на Министерството за здравство.

Чадиев беше дециден дека  тие локалните власти  и не помислуваат и  воопшто не е разговарано со никого, еден ден на тој простор Метрудхем да гради Трговски центар или комплекс на станбени згради, како што  се шпекулира во дел од јавноста.   И додека постапката за бришење на Топилница од ДУП продолжува се скараа партиите од Советот,  ко,ј  како  и за што гласал при донесувањето на оваа точка  од  шестата седница на Советот.  

За жал советничката група на СДСМ во целост, без образложение гласаше против донесувањето на оваа одлука. Останува нејасно зошто СДСМ е против измената на генералниот план за конечно бришење на топилницата од мапата на градот? Зошто СДСМ е против проширување на ГУП-от кој опфаќа развој на индустриските зони – праша советничката Валентина Делиманчева Андреева од ВМРО-ДПМНЕ.  

Нејзините колеги од опозицијата  одговорија дека  во таа точка никаде не пишувала дека се работи за пренамена  на ДУП на Топилница.

бараме извинување од  колешката Делиманчева Андреева, оти  ние како советничка група  се воздржавме од гласање  и не бевме против.   И покрај нашите прашања за кој простор се работи  за кој треба да се гласа, никој не сакаше да ни одговори. Ниту претседавачот ниту  стручните служби.  Ниту во образложението по таа точка имаше нешто конкретно, дека просторот  е околу Топилница. Не добивме одговор ниту како просторот од 30 хектари за кој се водеше досегашната постапка за пренамена,  наеднаш порасна на  45 хектари. Има многу нејасности и јавноста траба да знае што  се случува – изјави Благој Коларов  координатор  на  советничката група на СДСМ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »