речник контакт

Промовирана збирката афоризми ,,Цветен пазар,,

Ова е четврта книга афоризми на Крлевски

Петар Печков

Атанас Крлевски неодамна  ја промовираше неговата четврта кинга збирка афоризми, оваа наслоена ,,Цветен пазар,,. По претходните Крлевизми, Крлук, и  Окрлавени мисли ова е неговиото  четврто дело,кое  како  и  претходните е во издание на Македонска литера од Скопје. Книгата ја промовираше Ана Витачева Рингачева.

Напливот на креативна енергија, разбудена од мирисот на жената, македонскиот афористичар Атанас Крлевски го совладал со тоа што ја ,,скротил” мислата пресозадавајќи ја во афоризам, читлив и разбирлив.  Жената,љубовта и бракот се трите жаришта врз кои тлеат и искрат афоризмите на Крлевски. Постојат жени што лесно се сакаат, но до нив тешко се стигнува. Вечната тема за жената и нејзината загатлива природа, што е таа, жена-ангел, жена-ѓавол и едноставно жена со божествено-демонска убавина и сила, читателот ја препознава во афоризмот: Божествено убавите жени најчесто имаат ѓаволски карактер.   Жената со заслепувачка убавина е силна преокупација на мислата на Крлевски, безвременски мотив адаптиран на современите животни текови: Тешко е да се живее со убава жена. Посебно ако и пријателите го знаат тоа. Убавината на жената, како универзална творечка инспирација не е заобиколена и овој пат, напротив таа е присутна како причина за машката опседнатост со последици за кои мажот свесно ризикува:  Убавата жена е празник за очите, а прекувремена работа за нервите - рече Рингачева, литературен критичар од Струмица. 

 Најновата книга на Крлевски е поделена во два циклуси, првиот за  жената  и љубовта вториот  за   бракот. Во ,,Цветен пазар,, има 400 афоризми. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »