Петар Печков
Објавено: четврток, 24 март 2016
Најновата книга ,,Мојот Велес,, на новинарот Никифор Смилевски, кој на хартија е во пензија, беше промоворана во велешката библиотека. Во ова дело тој донесува 13 текста за дела, личности и настани од историјата на градот, помалку познати а кој авторот ги истражувал.
Раскажува за Невенка Вујиќ - голема љубов на Рацин, за поп Данаил, за последната фотографија на Коле Неделковски, за фотографиите на Пингов и Поп Јорданов - солунските атентатори , за Андреја Дамјанов, првиот фотограф велешанецот Хаџи Косте, кој само по 16 години од изумот на фотографот сликал со него, за првите македонски дипломати браќата Петкович родени во Башино село ...
Оваа книга е исполнување на моето ветување, дека морам нешто да дадам и оставам за мојот Велес. Акцент е ставен на периодот од 19-ти век, време на преродбата, кое остави силен траг во живеењето. До податоците дојдов со читање на стари документи и преку разговори со нивните блиски - изјави авторот Смилевски, порано вработен како новинар дописник на Македонското радио од Велес. Тој со неговите дела, остави силен траг во живеењето и историјата на градот.
Никифор е познат во македонската јавност, оти го истражуваше потеклото на македонските народни песни а малкумина знаеја дека личностите и настаните се вистински и постоеле. Во оваа книга продолжува со пишувањето и истражувањето, што претставува значаен момент од историјата на Велес . Сите негови книги донесуваат ретки истражувања кои на друго место не можат да се најдат - рече промоторот Марко Китевски.
Tweet |