речник контакт

Промовирана книгата ,,На Којник дуќан да имам,,

Новинарот Никифор Смилевски запиша како настанале 35 народни песни, повеќето велешки

Петар Печков

35 народни песни, повеќето од велешко, се содржините на книгата ,,На Којник дуќан да имам,,, од Никифор Смилевски. Тој е пензиониран новинар, кој работниот век го мина во Радио Скопје.  Книгата беше промовирана во  Градската библиотека, пред бројни гости и блиски на Смилевски. Песните се љубовни, патриотски, со различна тема. Нив авторот ги собирал цел работен век. Како хроничар на градот, имал можност да истражува за  нивниот постанок.

Многу е важно да дојдеш до изворот, до авторот, до тој што ја знае прикаската за песната. Неа ја работев долги години, во неа е собран мојот работен ангажман.  Во почетокот јас ги барав а потоа кога ме дознаа, луѓето сами доаѓаа да ми  ја раскажат песната и како таа е создадена – вели авторот Смилевски.  Во книгата се обработени 35 народни песни, создадени од почетокот до средината на минатиот век.   ,,На Којник дуќан да имам,, ,,Елено ќерко, Елено,,  ,,Белото Маре на Цинциови,, ,,Се  посврши Сербез Донка,, ,,Во Влашкото маало жолти куќи високи,,  ,,Миле Поп Јорданов,, За Алабакот,, ,,за Петре Михов,, песни кој се пеат за различни поводи и мигови.

Овие текстови објаснуваат како настанала песната, во кој период живееле. Кога слушателот ја знае прикаската за песната, има друг однос кон неа кога ја  слуша, има слика за неа. Овие 35 песни се мошне популарни и македонски песни, имаат своја историја. Интересни се и за младата публика оти објаснуваат личности од историјата на Велес. Ова е единствена книга поради тоа што се открива дека одреден песна има своја историја, за конкретни личности, зборува за судбини, настани од минатото    – рече Марко Китевски издавач на книгата. 

Во книгата е забележано дека голем удел во создавањето на велешките песни имал Арсо кеманџијата, кој како член на Велешката чалгија свирел и пред Султанот. Тој ги опеал Марето Цинциево,  Султана Пулкова, младата маџирка и други. Издавач  на книгата ,, На Којник дуѓан да имам,  е ,,Герланда,, од Скопје со финансиска поддршка на Министерството за култура. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »