речник контакт

Промовирана книгата „Национализмот во(н) контекст,, за соработката на Албанците и Македонците

Промовирана на 24 октомври, денот во 1942-та кога 11 Албанци се масакрирани во велешко Долно Јаболчиште, затоа што не ги предале партизаните Македонци

Петар Печков

Левичарското движење „Солидарност“ ја  промовираше  својата антинационалистичка историска книга „Национализмот во(н) контекст: соработката на Албанците и Македонците од Илинденското востание до Народноослободителната војна“. Промоцијата се одржи на годишнината од масакрот на селаните Албанци од Долно Јаболчиште, Велешко,  на 24 октомври во 1942 година, кога тие, по цена на 11 убиени, одбија да ги предадат партизаните Македонци.

Нашето општество е отруено од национализам. Расте поделбата особено помеѓу Македонците и Албанците. Веќе не се познаваме, иако живееме во исти градови, села, иста држава. Во таков контекст, на националистите и македонски и албански,  многу лесно им успева да ја искривуваат историјата и да тврдат дека отсекогаш постоела нетрпеливост и омраза помеѓу Албанците и Македонците. Дека не е така,  постојат повќе примери, документација дека имаше соработка. За ова сведочи речиси непознатиот настан во Долно Јаболчиште на 24 октомври 1942 година, кога бугарските фашисти стрелале 11 Албанци, локални жители оти не откриле каде се  партизаните Македонци – рече Здравко Савески еден од авторите на  книгата.

Тој заедно со  Мариглен Демири година и половина работеле на собирање на документацијата, историските факти, за несебичнана помош што меѓу себе си ја давале Македонците и Албанците, на територијата на Република Македонија.

Бевме многу инспирирани и мотивирани и резултат е оваа книга. Сите податоци се во книги, во документи, автори кои пишувале за овие настани. Но биле маргинализирани , тргани настрана. Ние ги извадивме на светлината на денот за да потсетиме на луѓето кои застанеле во борба за идеали – рече Демири. Книгата  „Национализмот во(н) контекст,, е во издание на левичарското здружение ,,Солидарност,,. И промоцијата во Велес, доаѓа веднаш по скопската.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »