речник контакт

Промовирана книгата љубовна поезија ,,За тебе,,

Ова е втора книга на авторката Гордана Николовска

Петар Печков

Втората книга на поезија ,,За тебе,, на велешанката Гордана Николовска беше промовирана во Ликовниот салон, вторникот вечер.

Како и првата ,,Недопрена,, тоа е збирка на  љубовна поезија, која авторката ги издаде за година и половина.   Љубовта е основниот мотив на која  авторката пишува а ,,За тебе ,, е поделена на четири циклуси.

Љубовта е најсилниот глас кој ја победува секоја тишина. Љубовта е сила, која сили победува,  таа гради мостови помеѓу реалното и  невозможното. Без љубов не може ништо да функционира. Една љубов не треба да биде трајна, вечна и среќна  ако е озаконета во една заедница, заљубените не мора да се во заедница. Тие можат да бидат слободни како и птиците. Тајната на вечната љубов се наоѓа во слободата – рече авторката Николовска.   

Оваа збирка на љубовна поезија ,,За тебе,,  ја промовираа Сузана Турунџиева и Игор Крајчев. 

Нејзиното прво дело беше дебитантска книга, кое не наликуваше на такво, беше далеку позрело.  Тоа е опасност за авторите, оти претставува високо поставен критериум за второто дело, за да го надминат.  Николовска има успешен обид да се достигне тој квалитет, туку и да се надмине. Имаме извонредна љубовна поетика која излегува од стандардизираните граници на љубовната поезија и влегува во есенцијалната   поезија на љубовта, на чувствата и во одредени филозофски сфери.  Во тоа што се нарекува најдлабоки тајни на човековата душа и поврзувањето на две човечки души и на љубовта како таква филозофска димензија –  потенцираше Крајчев.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »