речник контакт

Промовирана новата генерација угостители од Коле Неделковски

Со практична изработка учениците ги покажаа нивните знаења

Петар Печков

Учениците од ССОУ „Коле Неделковски“, образовен профил келнер и готвач од трета година денес  полагаа завршен испит по предметот практична настава.

Учениците пред „комисијата“ составена од директорите од основните и средните училишта од градот ги презентираа своите кулинарски вештини и на најдобар можен начин го презентираа она што го имаа научено во изминатите три години.

Презентација за туристичките можности на град Велес изврши првата генерација на хотелско-туристички техничари, предводена од ученикот Анес Алидини, Бојан Стојанов и Рајне Апостолова.Тие пред гостите ги преставија можностите за туристички развој на Велес.

Голем дел од учениците веќе имаат склучено договори за работа со угостителските објекти во градот, што преставува големо олеснување за нивните родители и можност за заработка на учениците. Полагањето беше во просториите на ДУД „Лазар Лазаревски“,

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »