речник контакт

Промовирани девет наслови за лицата со оштетен вид

Шест книги со Брајово писмо и три аудио книги беа издадени од Здружението на слепи од Велес

Петар Печков

Шест книги со Брајово писмо  и три аудио книги  беа промовирани  во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“  во Велес. Со ова се збогатува малиот фонд на книги наменети за слепите  лица и за лицата со оштетен вид во Македонија.

Овие Брајови  книги се од национално значење, ги користат слепите лица.  Среќен сум што во нашата библиотека книгите никогаш ен се на број, или постојано некоја е кај наш читател. Што ќе рече дека има интерес. До заинтересираните  ние ги доставуваме бесплатно  по пошта. Со ваков тип на проекти, неколку деценискиот мрак за слепите, го осветлуваме – рече Тони Пајдаков секретар на Здружението на слепите од Велес.    

Отпечатени  се ,,Буре барут,, од Дејан  Дуковски,   ,,Итар Пејо,, од Стале  Попов, ,,Маслинови  гранчиња,, од Глигор Поповски,  ,,Орхан,, од Неџати Зекирија,  ,,Шеќерна  прикаска,, од Славко Јаневски и ,,Сердарот,, од Григор Прличев.  Издадени се и аудио книгите ,,Странецот,,  од  Албер Ками,   ,,Гоце Делчев,, од Ванчо Николески и ,,Судбината на човекот,, од Михаил Шолохов.

Дел од нив бидејќи се лектирни изданија, ќе бидат подарени на училиштето за  деца  и младинци со оштетен вид,,Димитар Влахов,, во Скопје.    Промовиран беше и 64-тиот број на звучното списание ,,Зрак,, .

Печатењето на Брајовите книги се финансирани од Општина Велес, додека аудио книгите се со поддршка на Министерството за култура.  Здружението на слепи лица од Велес досега, заклучно со овие нови шест наслови,  има издадено 27 книги на Брајово  писмо. 

Нив за читање ги користеле 700 лица од 2,5 илјади слепи колку  што се регистрирани во 18-те здруженија во  Македонија.  Иако бројката на слепи,  од овие здруженија велат дека е значително поголема.   Дел од книгите завршија на полиците во велешката Библиотека ,,Гоце Делчев,,. 

Драго ми е  што полиците со книги со Брајово писмо се полнат, но и има читатели кои ги користат.  Годинава издадовме и три нови звучни книги, на што сме многу горди.  Не запираме тука, продолжуваме со снимање на нови изданија, и планираме  овој тренд  кој  постои во светот   да продолжи – изјави Игор Крајчев директор на локалната библиотека.

Таа токму со поддршката на ваквите изданија ја доби наградата за библиотека на годината во Македонија. Избрана од Здружението на библиотекари на Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »