Петар Печков
Објавено: четврток, 22 октомври 2020
Попладнево во Ликовниот салон, Емилија Златкова Анастасова промовираше две нови книги романот „Близнаци“ и збирката раскази „Детето во снегот“. Емилија е дипломиран дипломиран професор по македонски а работи како лектор.
Детето во снегот излезе деновиве а додека Близнаци беше објавен во месец мај, тогаш поради состојбата со пандемија не можев да го промовирам, па вечерва двете дела се заедно пред велешката читателска публика. Близнаци е роман за забранета љубов помеѓу двајца млади и пред еден месец има второ издание, откако првото се продаде .Двајцата млади минуваат многу тешки ситуации во живото, добиваат близнаци, кои се одделение од родителите. Новата книга е збирка раскази, посветена на децата со аутизам. Тоа се реални проблеми со кои минуваат децата со аутизам и нивните родители - кажа авторката Златкова Атанасова, која е родена во Кочани а живее во Велес.
Тaа досега има издадени пет книги, вклучувајќи ги двете нови, денес промовирани.
Промотори на новата книга, збирката раскази „Детето во снегот“ беа Родна Јанчева и Соња Гаврилова.
Книгата е многу суптилна, сочувстителна, полна со емоции, има многу вистини раскажани од авторот. Авторката децата со аутизам во книгата ги доживува како ангелчиња, што се и всушност. Авторката се повикува на вербата, ако се верува во нешто ќе се успее. Кога ќе ја земе читателот да ја чита книгата, не остава да ја оставиш. Многу е примамлива за читателот - рече Јанчева.
Промоторка на книгата „Близнаци“ беше Гордана Николовска.
Ова е роман за љубовта,м страдањето, надежта, книга во која има светлина зад прозорецот. Тоа е роман натопен со човечка длабочина, мајчина топлина. Ова е едно исклучително топола, емотивна трогателна, непосредна, интимна исповед или приказна за голема а забранета љубов. Роман откинат од најдлабоките парчиња на душата, со прецизни мисли и богата лексика - рече Николовска.
Tweet |