Петар Печков
Објавено: среда, 01 март 2017
Протестите ги организира граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денес имаше и во Велес. И покрај дождот многуброен народ се собра пред споменикот на Панко Брашнар кои потоа во колона продолжија до споменикот на Кочо Рацин и Илинденците во центарот на градот.
Од ова место, од споменикот на првиот претседател на Македонија, Панко Брашнар ви се обраќам до сите вас, во овие тешки моменти за нашата земја, да се сплотиме и обединиме, да си подадеме рака едни со други и да провладува разумот, логиката и пред се нашите македонски национални интереси. Ние ќе се бориме за нашата Република Македонија, не за да загинеме туку да останеме живи ние и следните поколенија. Овде сме да го искажеме нашиот револт од оваа не народна, не македонска опција, која не угнетува секој ден – рече театарскиот режисер Ненад Витанов од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Пред споменикот на Кочо Рацин, тричлена делегација составена од актерите Васил Зафирчев, Зоран Љутков и режисерот Ненад Витанов положи цвеќе. На насобраниот народ се обрати актерот Зоран Љутков.
Тука сме во толкав број оти се работи за нашата Македонија, за нашите национални интереси. Не сме овде собрани за да ги навредуваме Албанците кои живеат во Република Македонија. Тука сме да кажеме ,,не,, на политичките партии кои сакат да ја разрушат Република Македонија, кои сакаат да потпишат погубен договор и погубна платформа. Тоа не смееме да го дозволиме, тоа нема да и помогне на Република Македонија да оди напред. Да ги оставиме Македонците и Албанците да си живеат заедно како што живееја заедно. Да му кажеме не на тој погубен договор. Едно име имаме – Македонското – изјави актерот Љутков.
Tweet |