речник контакт

Работилница за финансиското работење на НВО секторот

Посебно значаен е даночниот календар, еден вид потсетник со кој претставниците на овие здруженија се потсетуваат која обврска во кој период, термин треба да биде завршена.

Петар Печков

Во Велес се одржа работилница на  тема ,,Даночните обврски и даночниот календар на НВО секторот,,.   На  неа присуствуваа 20-тина граѓански здруженија  и средношколци организации од градот.   Посебно значаен е  даночниот календар, еден вид потсетник со кој претставниците на овие здруженија се потсетуваат која обврска во кој период, термин  треба да биде завршена. 

Целта е  да се презентира  поширок материјал, кој се однесува на граѓанските организации и Данокот на додадена вредност, примената на Законот за донации и спонзорствата  во јавните дејности, пресметување и плаќање на персонален   данок на плата и придонеси, и даночен календар за НВО. Ова е комплексна материја со  која се опфатени повеќе од активностите на граѓанските здруженија  кои ги спроведуваат – рече    Зоран Јанкуловски извршен директор на Здружение на финансиски работници од   локална самоуправа и Јавни претпријатија. 

Оваа работилница е финансиски поддржана од Општина Велес во рамките на поддршката на граѓанскиот сектор за 2013 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »