Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 март 2017
Со уверлива победа ракометарите на ГРК Борец го продолжија првенството во Супер лигата, по зимската пауза. Во салата Гемиџии совладан е тимот на Вардар Јуниор со 38:25 (20:13). Тоа беше натпревар во кој велешани беа супериорни, освен во првите 10-тина минути. Потоа водството на домаќините постојано се зголемуваше, од минута во минута.
Единствена непозната беше со колку гола разлика ќе победи Борец, На крајот стигнаа до плус 13. Една четвртина од головите постигна Дарко Димитриевски - 10, Крстевски имаше 8 а гол помалку Ивица Илиев -7. Кај гостите Мартин Поповски постигна најмногу - 9 гола.
По ова 15-то коло Борец е четврти а по поразот на Прилеп дома од Радовиш, велешани се најблиску до позицијата која ги води во разигрувањето, меѓу најдобрите шест екипи во Македонија, кои ќе играат за титулата првак. Таму освен четирите од првенството ги чекаат скопски Вардар и Металург. Во следното коло Борец гостува на Пелистер.
Во Првата футсал лига се одигра дербито на полусезоната, Велс гостуваше на Шкупи, со кого го дела првото место. Во Скопје велешани загубија со 2:1. (2:0) . Тоа беше натпревар на двете најдобри екипи во Македонија во футсал а домаќините стигнаа до значајна предност од три бода. Првенството продолжува со третиот круг, со уште нови девет кола. Со новиот распоред Велес следното коло игра во Тетово против СЕЕУ кој е трето пласиран.
Започна и пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига. Велешанки дома загубија од екипата на Кочани со 2:3, иако полувремето Борец го заврши со водство од 2:1.Во вторите 45 минути гостинките постигнаа два гола и победија. За потсетување есеноска на стартот од првенството ЖФК Борец го Кочани славеше со 5:2. По ова 10-то коло Борец остана на 5-тото место со 10 бода и го стигнаа кочанчанки кои сега имаат ист однос. Во следното коло Борец игра во Струмица против Тиверија која е седма со 8 бода.
Одбојкарите на ГОК Борец загубија со 3:1 од второпласираната екипа на Струмица ( 23, -13, -17, -15) . Велешани одлично почнаа за потоа гостите да не им дозволат надеж на домаќините дека ќе слават. По ова 9-то коло ГОК Борец останува трети со 14 бода. Во следното коло гостува во Тетово на екипата на Лирија која досега нема победа.
Tweet |