речник контакт

Расте бројот на активни случаи во велешко со ковид-19, денес нови 19

Бројот на згрижени лица во велешка Болница како и вчера 48

Петар Печков

Нови 19 лица се позитивни на ковид-19 од Велешко, изминатите 24 часа. Ова е податок од Министерството за здравство а во истиот период оздравени биле седум пациенти. Бројот на активни случаи во велешко повторно расте и стигна до 328.  

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти е ист како вчера, 48, од нив 21 се на Инфективно одделение и 23 во Модуларната болница, додека четворица пациенти се на Интерно одделение.  

Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 34 се потврдено позитивни, еден  е непотврден  и девет  се негативни, но со здравствени проблеми.  На кислородна поддршка се 18 пациенти.

„Има четворица ново примени пациенти, двајца се во Модуларната, едниот од нив е префрлен од Интерно и еден донесен со возило на Итната помош и двајца нови пациенти  во Инфективно. Испишани како оздравени со по еден негативен тест, се тројца пациенти“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »