Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 декември 2014
Големи реакции од примарното здравство за ново воведените едукации на Министерството за здравство а на докторите од секундарното за неисплатени пари за извршената работа од месец август. На неделното Годишно собрание приватните доктори со низа забелешки кон Министерството за здравство, за третманот на јавното и приватното, со што се кршел Уставот.
Министерството воведе едукација, за следните две години, кога секој трет викенд докторите од примарното здравство се на семинар, обука или едукација. Во примарното здравство имаме голем број специјалисти, на школска, трудова, семејна, педијатрија,гинекологија кои имаат доволно знаење и стручност, тие се високо професионални, и затоа е смешно матичен доктор да повторува што е уринарна инфекција. Имаме ли право на сопствен приватен живот со ваква разработена шема. Каде е работната недела од 40 часа. Затоа бараме да се воведе Мој термин и за докторите, тие да одбираат кога и каде ќе посетуваат настава, која треба да се плати, не можеме да го носиме на наш трошок овој проект кад ние сме слушатели. Згора на тоа доктори од Радовиш наместо во Струмица одат во Велес, затоа сами докторите да решат каде ќе посетуваат едукација - изјави д-р Лили Чолакова Дервишова претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија од примарно и секундарно здравство.
За оваа новина, едукацијата имало реакција од докторите кои уплатиле за да специјализираат семејна медицина, а сега истите теми се третираат на овие семинари. На ова собрание, специјалисти од секундарното приватно здравство, побарале Министерството за здравство да види каде е проблемот со исплатата на средствата.
Овие приватни доктори специјалисти и сите приватни лаборатории, немаат добиено средства за сработено од месец август. По ова се наметнува ново прашање, кое често го поставуваме како приватни лекари. Зошто јавното здравство редовно месец за месец ги прима средствата а приватните лекари постојано имаме проблеми со исплатата иако според Уставот и јавното и приватното се еднакви пред него - рече д-р Чолакова. Таа на неделното годишно собрание била реизбрана за претседател со нов мандат.
Tweet |