Петар Печков
Објавено: четврток, 09 мај 2013
Филмскиот фонд на Република Македонија во соработка со Руската амбасада, Рускиот Културен Центар од Софија , Министерството за култура на Република Македонија и Кинотека на Република Македонија по повод 9 Мај, Денот на Европа, започнаа со реализација на проектот ,,ВОЈНА И МИР ВО РУСКИОТ ФИЛМ“.Реализатор на проектот во Велес е Националната установа за култура ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.
Ревијата на филмови започнува на 10 Мај петок, во 18 часот,со проекција на филмот „ЅВЕЗДА“. Истата вечер , со почеток во 20 часот ќе биде прикажан филмот „ ОСЛОБОДУВАЊЕТО:ПОСЛЕДЕН ЈУРИШ“ .
Во сабота, ќе бидат прикажани филмовите: во 18 часот „ЛЕТААТ ЖЕРАВИТЕ“ и во 20 часот „ПОП“.
В недела во 18 часот ќе биде прикажан филмот „ ЕДНА ВОЈНА“ , а во 20 часот „НИЕ СМЕ ОД ИДНИНАТА“ , филм со кој ќе заврши ревијата.
ЕДНА ВОЈНА/Odna voina
колор/ 85`
Режисер: Вера Глаголева
Сценарио: Марина Сасина
Композитор: Сергеј Баневич
Улоги: Александар Балуев, Наталија Суркова, Јулија Мељникова, Михаил Хмуров, Федор Копосов
Производство: Продуцентски центар „Хорошо продакшн”, 2009 год.
Содржина: 8 мај 1945 година. Максим Прокоров, претставник на Народниот комесаријат заз внатрешни работи, пристигнува на едно островче на Северот. Таму живеат 11 луѓе: пет млади жени, пет деца на возраст од една до три години и капетанот Карп Ничипорук. Младите мајки се протерани од териториите окупирани од фашистите, а децата се всушност деца на германскиот окупатор. Пристигнувањето на мајорот го нарушува секојдневието на островот. Неговата цел е да го „исчисти“ островот...
ПОП/ POP колор/ 123`
2009 година
Режисер: Владимир Хотиненко
Сценарио: Александар Сегењ, Владимир Хотиненко
Улоги: Сергеј Маковецкиј, Нина Усатова, Елизавета Арзамасова, Кирил Плетњов, Анатолиј Лобоцкиј
Во „Поп“ раскажува за вербата на еден православен свештеник и животот на мисионерите во времето на фашизмот...
НИЕ СМЕ ОД ИДНИНАТА/ MY IZ BUDUSHCHEGO
2008 год., 120 мин.
Режисер: Андреј Малјуков
Автори на сценариото: Александар Шевцов, Едвард Володарскиј, со учество на Кирил Белевич
Камера: Владимир Споришков
Актери: Екатерина Климова, Данила Козловскиј, Даниил Страхов, Борис Галкин, Сергеј Маховиков, Владимир Јаглич, Димитриј Волкострелов, Андреј Терентjев
Група на платеници трага по вредни артефакти од Втората светска војна. За нив фронтовите се ковчези полни со застарени типови на пушки, медалји и документи со непроценлива вредност. Откако ќе го откријат албумот на еден заклан војник со фотографии од војната, решаваат да се освежат во блиското езеро. Кога ќе испливаат на површината, ќе сфатат дека мистериозно влегле во временска дупка. Патувањето низ времето ги однесло во 1942 година...
ЅВЕЗДА
Русија/ 2002 година/ 97`
Режија: Николај Лебедев
Сценарио: Евгениј Григорјев, Николај Лебедев, Александар Бородјански
Улоги: Игор Петренко, Артем Семакон, Алексеј Панин
Филмот „Ѕвезда“ е заснован врз истоимениот роман на Емануил Казакевич.
Во летото 1944 година, нацистите спремаат голема тенковска дивизија, наречена „Викинг“ и планираат офанзива на окупираното руско тло. Составена од седум снајперисти, специјалната единица на Руската армија „Ѕвезда“ е испратена да истражи што се случува кај непријателите. Две претходни руски групи се немаат вратено од ваквите извидувања. Седуммината знаат дека ги чека сигурна смрт во име на победата.
ОСЛОБОДУВАЊЕ - петти дел/ Освобождение, Фильм 5-й “Последний штурм”
Русија/ 1971 година/ 70`
Режија: Јуриј Озеров
Сценарио: Јуриј Бондарев, Оскар Курганов, Јуриј Озеров
Улоги: Михаил Уљанов, Василиј Шукшин, Николај Олјалин
Преку вистински и измислени ликови, филмов хронолошки ги следи настаните поврзани со Втората светска војна, позната на Источниот фронт и како Големата патриотска војна . Раскажува за последните денови од војната: нападот врз Рајстагот, борбата за секоја педа и кревањето на победничкото знаме.
ЖЕРАВИТЕ ЛЕТААТ/ ЛЕТЯТ ЖУРАВЛИ
Русија/ 1957 година 98`
Режија: Махаил Калатозов
Сценарио: Виктор Розов
Улоги: Татјана Самоилова, Алексеј Баталов, Василиј Меркурјев
Во Москва се случува голема љубов помеѓу Вероника и Борис. Но доаѓа Втората светска војна. Борис се пријавува во војска и веднаш е испратен на фронт. Тие не успеваат ни да се поздрават. Чекајќи вести од либето, Вероника ќе биде силувана од Марк, братучедот на Борис...
Tweet |