Петар Печков
Објавено: недела, 09 октомври 2016
Верни на традицијата на Питијадата во Велес се подготви нова ,,џиновска,, пастрмалија. Годинава таа е со тежина од околу 55 кг, но должината и употребениот мастраф се поголеми од ланските две, кои тогаш имаа најголеми димензии.
Изработена е од Фурна ,,Којник,, и за нејзина подготовка употребени се 50 кг месо свинско и пастрма, 580 јајца и 40 кг брашно, должина е 3,7 метри и широка еден метар.
Питата во Велес со години наназад е најголема во Македонија, за што треба да се пофалат мајсторите од фурната кои верни на велешката традиција ја подготват неколку часови. Според раскажувањата на главниот мајстор, тој секоја година ја зголемува за нови 10 см. должински и планира да ја доведе до четири метри а за потоа, здравје – рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.
Питата се делеше бесплатно, а посетителите донираа средства по желба во касата на Црвениот крст. За два дена на манифестацијата според организаторот биле изедени 24 илјади пастрмалии и испиени 5.360 литри вино, само од штандовите не и од рестораните низ градот. За овие два дена не бил регистриран никакво инцидент, што со години и не се случил на ,,Питијата,,.
Синоќа се одржа и концерт на Балканската поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, која го следеа повеќе од 20 илјади посетители. Тој во Велес е со неговата сопруга Јована и отседна во хотел Гарденија.
Годинава како новост се воведе и маскота на манифестацијата, тоа е пита пастрмалија, во која се облечени четири момчиња. Тие шетаат по штандовите и за фотографирање со нив има голем интерес, како од деца така и од возрасните гости
Tweet |