речник контакт

Родилката Кадиева имаше бременост без потешкотии

Матичниот гинеколог сведочеше во просецот каде обвинети се тројцата доктори кои ја породуваа Маја Кадиева

Петар Печков

Со сведочење на сведоци на одбраната, во Оснонен суд  Велес продолжи судењето на тројцата обвинети  доктори, за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе.   Сведочеше Митко Поп Кочов, матичен гинеколог на Кадиева.

Таа немаше потешкотии во текот на бременоста. Но поради тежината  на работата, стоејќи во казино и болки во стомакот и дадов боледување, кое подоцна беше продолжено од Комисијата. Кадиева беше совесна пациентка, но беше трауматизирана од првото породување, кога со вакуум било вадено бебето. И сакаше да се породи со царски рез. Таа имаше патолошки страв од породувањето – рече  д-р Поп Кочов.   

Како сведок се појави и Снежана Чурлинова, сопственик на ресторан, каде двајцата анестезиолози, критичниот ден на 22 октомври 2015-та имале ручек.

Ги познавам и д-р Ванчев и сега починатиот д-р Јовановски. Томче дојдоа  нешто по 16 ч. откако започнав да работам во смена. Седеа два часа не пиеја алкохол, ручаа беа гладни и пиеја вода, ручаа ребра, салата – рече Чурлинова.

На претходното рочиште, келнерот во кафетерија од Гевгелија, кажа дека  докторите околу 18,30ч. дошле како гости, полупијани. 

Судењето за смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе продолжува во средината за септември.   

Обвинети за смртта на родилката се анестезиологот  Томче Ванчев (56 год) од Гевгелија и  гинеколозите  струмичаните Венци Чалков (50 год) и Дончо Москов (59год), за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »