речник контакт

СДСМ со нов претседател за Велес

Дејан Арсовски е нов претседател на ОО на СДСМ за Велес

Петар Печков

Дејан Арсoвки е новиот претседател на Општинската организација на   СДСМ за Велес.   Ова е одлука по распишаниот конкурс, на кој се  пријавиле  11 кандидати. 

Изборот на Арсовски е од страна на претседателот на СДСМ Зоран Заев  а во согласност со критериумите   за избор на носители на  партиски  функции. На оваа позиција изминатите  четири години беше актуелниот пратеник Панче Иванов. 

Арсовски е дипломиран    на Институтот за етнологија и антропологија на Природно математички факултет. Беше член на Советот   на Општина Велес во периодот 2009-та 2013-та а сега е на позиција директор на ЈВП Лисииче.   

Арсовски најави дека до средината на март месец ќе го објави новиот Извршен одбор  на  ОО на СДСМ за Велес.  Од партиските функции тој  бил претседател на локалниот клуб на  Социјал демократската младина на Велес за 2008- 2012 година. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »