Петар Печков
Објавено: петок, 13 декември 2019
Утре сабота, 14-ти декември три часа државната администрација ќе го чисти Велес од смет. Во периодот од 9 до 12. часот ќе се спроведе акција во Велес именувана “Администрацијата чисти” а на државно ниво ,,Не биди ѓубре,,.
Во Велес ќе се чисти на четири локации: излез од Велес кон Башино село, од Агенција за вработување до некогашен Пензионерски дом и двор на некогашното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот, ул. Meтодија Андонов- Ченто, косината на надвозниците на Битолска пруга со пешачка патека на ул. 8 ми Март и паркот до зграда ХИВ, со брег на река Вардар и дел ул. Благој Нечев и Трајко Панов.
Во акцијата најавени се дека ќе учествуваат вработените на локалната власт, јавните претпријатија и подрачните единици на државните институции. Не ги опфаќа здравствените и образовните институции. Со ова ќе се одработи 2-ри јануари, кој беше неработен ден за администрацијата.
Tweet |