Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 септември 2019
Саботата, кон неделата , сообраќајната полиција извршила контрола по велешките улици, дали возачите возат под дејство на алкохол. Резултатите покажале дека кај седумина, имало повеќе промили на алкохолч од дозволеното.
Во периодот од 23часот на 21 септември до 5 часот на 22 септември на територијата на СВР Велес била извршена контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, констатирани се вкупно 22 прекршоци, од кои седум во Велес, девет во Кавадарци и шест во Неготино - информикраше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
На возачите им биле изречени соодветни казни.
Tweet |