Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 јуни 2014
Јавниот настан ,,Млади за Велес” се одржа во Младинскиот парк на кој преку граѓански организации, младите од општина Велес ги споделија своите желби. Тој вклучува саем на младински организации, на кој тие преку свои штандови ги промовираа активностите пред посетителите. Истовремено беше промовирана стратегијата за млади на општината. Целта е преку промовирање на младинските организации, асоцијации, друштва и останати форми на организирање да се прикаже вклученоста на младите во општеството.
Сакаме да ги поттикнеме младите да создаваат работи кои треба да го подобрат живеењето во Велес и сопствениот живот. Да ги истакнат своите приоритети и тие да ги оствариме, каде да се забавуваат, каде културно да се исполнуваат, да спортуваат – рече Александар Арсовски дел од организацијата на настанот. На него беа присутни велешанките извидници, Здружението за безбедност на вода Македонски спасител, Здружението за заштита на животните ,,Гласот на животните,, младинските организации до дел до средните училиште, подмладокот на Здружението за грижа за здраво поколение, Стрип центарот на Македонија, младите од Општинскиот Црвен крст, Доброволното противпожарно друштво Видра.
Настанот „Млади за Велес“ е дел од проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики ”, финансиран од страна на Европска Унија (Регионална ИПА програма), а е воден од Младински образовен форум (МОФ) и Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД). Една од 12-те општини во кој овој проект се спроведува е и општина Велес.
Tweet |