Петар Печков
Објавено: среда, 14 декември 2016
Спортската сала при Средното училиште ,,Коле Неделковски,, доби нов систем за греење. Со него значително се подобрени условите за настава по физичко образование. Истиот ќе служи за ладење во топлите денови.
Реконструкција се изврши и на електричното осветлување, покривот, пристапниот дел а заменети се и сите прозорци. Целокупната инвестиција изнесува 26 000 евра, а заеднички ја реализираа ISAID и Општина Велес.
Овој настан беше дел од активностите за одбележување на патрониот празник на училиштето. Во склоп на манифестацијата се одржа и саем на храна „Вкусот не спојува“. Пред присутните беа презентирани специјалитети од повеќе етнички заедници на ученици кои посетуваат настава во училиштето.
Tweet |