Петар Печков
Објавено: петок, 12 февруари 2016
Сања Бачманова е вешта жена на Велес за 2016-тата година. Таа победи во конкуренција на уште четири други учеснички во подготвување на ручек за четири лица и уредување на маса. Иако настапува за прв пат, таа го погоди вкусот на жирито и се здоби со победничката титула. Нејзината маса беше именувана ,,Љубовна идила,,.
Во пресрет на празникот на вљубените подготвив тематска маса. Солен куглов како предјадење,заедно со поховани мини пирошки и полетни ајварски пипреки с о кашкавал. Главното јадење е ролат од свинско и пилешко месо полнето со јајца. Се е моја креација и замисла, лично моја, од типот што дојде при рака, што се најде се по дома - рече Бачманова.
Таа и останатите 4 учеснички како награда добија 8 дневен престој во Парга - Грција, каде н а почетокто од јуни ќе се дружат со сите вешти жени учеснички од 22-та града каде манифестацијата се одржува.
Оваа година манифестацијата Вешта жена на Македонија слави јубилеј 25 години од постоењето а во Велес 20 години. И за прв пат годинава се започна со нова пракса, прогласување на најдобрите жени од градовите, каде се одржува.
Во Велес признанија добија Марта Мирова како моден креатор и сопственик на моден бутик за жени, директорката на ОУ Васил Главинов Лилјана Николовска и Васка Ѓорѓиева основачот на Вешта жена во Велес.
Беше промовирана и брошурата ,,Рецепти од Етно вешта жена,, каде има стотина старински рецепти од сите градови каде се одржува ова манифестација.
Tweet |