Петар Печков
Објавено: вторник, 19 јули 2016
Во стравотен директен судар на два автомобили, една жена почина а тројца патници се потешко повредени. Сообраќајката се случи понеделникот вечер близу Велес, околу 21,42 часот кај градската депонија, на магистралниот пат Велес – Штип. Сведоците раскажуваат дека тоа бил директниот удар помеѓу два автомобила марка ,,БМВ,, едниот возел кон Велес, вториот го напуштал градот .
Во сообраќајната незгода учествувале два автомобила, едниот со шведски регистарски таблички управуван од Н.М. ( 38 год) од Свети Николе и вториот со радовишки регистарски таблички управуван од Г.Ѓ ( 37 год) до Радовиш. На лице место е почината патничката В. Н. (68 год) од возило со странските регистарски таблички – информираа од МВР.
На лице место излегол јавен обвинител и увидна екипа на полицијата а истрагата треба да открие како дошло до несреќата.
Патниците во возилата раскажале дека трите лица од БМВ со шведски регистарски таблички, си оделе дома за Свети Николе, откако утрото сопружниците Н.М и Е.Н допатувале Лондон, и заедно со нивната мајка Василка Нанева (68 год), која почина од здобиените повреди во сообраќајката, биле на гости кај нејзината сестра и тетка во Велес. Од спротивна страна, од Штип кон Велес, доаѓал Г.Ѓ. кој од Радовиш патувал на посета кај неговата девојка во Прилеп.
Сударот бил толку стравотен, што возилото на светиниколци, кое било со волан на левата страна, се завртело за 180 степени и било во правец кон Велес. Од Велешката Болница информираа дека кај нив се примени три повредени лица.
Околу 22ч. на хируршкото одделение примени се три повредени лица учесници во сообраќајна незгода а донесена е и една почината жена. Пациентката Е.Н. (38 год) е оперирана, згрижена и е во стабилна состојба. Вториот пациент Г.Ѓ (38) возачот на автомобилот поради тежината на повредите на главата е префрлен на Хируршки клиники во Скопје. Третиот пациент Н.М. ( 38 год) е вон животна опасност има повреди на градниот кош – изјави дежурниот хирург д-р Ванчо Граматов.
Во спасувањето на повредните учествуваа две возила на Итната помош од Велес кои здравствено ги згрижиле трите пацинети, им ја дале неопходнта помош, по што ги транспротирале до велешката Болница.
Tweet |