Петар Печков
Објавено: вторник, 11 март 2014
ЈКП Дервен започна со засадување на 130 садници од липа и 20 врби на повеќе локации во градот. На улица Индустриска, во близина на Средното општинско училиште Коле Неделковски, засадени се 32 липи и 11 садници врба. На улица Благој Ѓорев во населба Тунел засадени се 39 садници од липа. Во населба Речани ќе бидат засадени околу 30 липи. Остатокот ќе се засади во Градскиот парк.
Садниците од липа се донација од страна на бизнис заедницата во Велес, за почиста и позелена животна средина. Липата расте бргу, а популарна е за садење во паркови и дрвореди поради дебелата сенка, што се должи на густината на листовите.
Садниците од врба се обезбедени од ЈКП Дервен.Ова е прва поголема акција на засадување на садници дрвја, по големата сеча која се случува изминатиот период .
Tweet |