речник контакт

Се зголеми бројот на ново заразени во велешко, денес нови 55 случаи позитивни на ковид-19

Активни се 726 случаи, во Болница се 63 пациенти

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес   ја објави состојбата со ковид заразата за регионот. 

Денес петок, регистрирани се нови 55 случаи или вкупно 2.401. Оздравени се  29  или досега 1.599 пациенти. Активни  се 726 случаи на лица со корона вирусот,  осум во приватни клиники  и еден во торако -васкуларна, додека   654  се домашно лекување

Вкупниот број на хоспитализирани пациенти во велешка Болница  е 63 од кои 58 потврдени позитивни, двајца се  сомнителни и тројца со негативни тестови, но со здравствени проблеми. На Инфективно  одделение е полно,  има  сместено 55 пациенти  на Физикално  пет и на Интерно три.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »