речник контакт

Се контролирале и пешаците и возачите колку ги почитуваат сообраќајните прописи

Локалните акциски контроли продолжуваат и во наредните денови

Петар Печков

Четвртокот во Велес сообраќајната полиција извршила контрола а колку возачите даваат предност на пешаци и колку пешаците ги почитуваат сообраќајните прописи.

„На 10-ти март  на подрачјето на Велес биле спроведени две локални акциски контроли за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци, како и санкционирање на прекршоци што ги чинат пешаците. Притоа, биле констатирани и санкционирани пет прекршоци направени од возачите и два од пешаци“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Од велешката полиција најавуваат дека Локалните акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »