речник контакт

Се преврте цистерна се излеаја 30 илјади литри нафта на автопатот Градско - Велес

Возачот тешко повреден на интензивна нега во велешката болница

Петар Печков

Во средата  околу 14,30 часот на автопатот Градско – Велес, кај селото Виничани, се  преврте цистерна полна со нафта, сопственост на скопска фирма. При несреќата камионот марка мерцедес управувано од кумановецот Марјанчо Т. ( 43 год) излетал од автопатот, ја скинал заштитната ограда, се превртел а возачот летнал десетина метри подалеку од кабината, велат сведоците.

При ова од цистерната се излеале околу 30 илјади литри нафта. Со брза интервенција на велешките пожарникари  спречена е  еко – катастрофа но и пожар. Тие пет часа ја полевале нафтата со специјална пена за да не дојде до еко хаварија, но и до оган од високите температури. Околу  19  часот тие завршиле со интервенцијата, ја прекриел нафтата со заштитана пена а остатокот од  течноста во цистерната  го препумал сопственикот на возилото во друго.

Возачот Марјанчо Т. со тешки повреди, сериски скршеници на ребрата е пренесен во велешката болница, каде е задржан на одделението за интензивна нега. Докторите велат дека е во стабилна состојба, но со тешки повреди. Од СВР го потврдија настанот и  дека  истрагата ќе ги покаже причините на несреќата.    Материјаланта штета полицијата според  првичната проценка    ја презицира околу два милиони денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »