Петар Печков
Објавено: недела, 06 септември 2015
Три дена гори пожарот во околината на село Теово, додека тие кај Горно Јаболчиште и Каратманово, велешко се ликвидирани. Огнот кој се уште гори кај селото Теово оштетил и дел од железничката пруга Васил Антевски Дрен и село Теово, поради што интервенирал и противпожарниот воз. Од огнената стихија биле зафатени антените на МРД и мобилните оператори на врвот Вртешка, близу селото, и тие се оштетени.
Од петокот попладне гори голем пожар во околината на село Теово, кој зафатил и дел од тамошната шума и од ветрот го менува правецот на движење, се закануваа на повеќе села. Поради тао извршена е мобилизација на дел од составот во градот, кој два дена е на терен. Сите три дена за негово локализирање ангажирани се по два авиони на ДЗС, од видот ер трактор- изјави Билјана Симова раководител на велешката Дирекција за заштита и спасување.
Пожарот кај селото Горно Јаболиште и кај селото Каратманово, кои се локализирани зафатиле и дел од шума, кај Каратманово борова а кај Јаболчиште дабова и букова шума. Засега нема проценка колку површина уништиле овие три пожари а сомнежите се дека кај сите три причината е човек. Во локализирањето на пожарите учествуваат екипи на ППЕ, на Шумско стопанство Бабуна, луѓе од ДЗС и месно население.
Tweet |