речник контакт

Секое четврто бебе од Велес е родено во Скопје

Зошто велешките жени се почесто се породуваат во Скопје?

Петар Печков

Според податоците на ЈЗУ Здравствен дом, служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца, секое четврто  бебе од Велес,   минатата година се родило во некоја од болниците во Скопје.

Или  од вкупно родени 405 бебиња, 107 се родени во Скопје, што е висока бројка.   Само за споредба во 2015-тата од 420 родени бебиња, 81 се родени во скопските болници.  Ова зборува дека од година во година расте бројот на мајки од Велес кои  заминуваат да се породат во некоја од клиниките во Скопје. Некои на Државна, други во приватните каде  породувањето е без партиципација, туку  родителите го  плаќаат целосно.  

За разлика од нив мајките од село, кои живеат во велешко, сите се породиле во велешката Болница.   Одговорот на прашањето зошто мајките заминуваат да се породат во Скопје е комплексен, дали поради патолошка бременост, дали поради лична желба или нешто трето, знаат најдобро фамилиите, поточно родилките.  

Во соседните  две општини Градско и Чашка,  во болниците во Скопје се родени 4 односно 9 бебиња, од  30/161 вкупно родени лани. 

За потсетување дека во 2016-та во Општина Велес имаше 12 бебиња помалку родени, во споредба со 2105-та година. Или лани во велешко родени биле 512  бебиња, од нив  257 се машки и 255 се девојчиња.    

Од новороденчињата како прво бебе во велешко се водат 187 додека како трето за кое се добива и финансиска помош имало 62 бебиња. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »