Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 јануари 2012
На крстосницата кај бензиската пупма на Макпетрол, кај Градскиот базен, четврти ден не работи единстениот семафор во градот. Гужвите се присутни а посебно во ударните термини, кога велешани одат на работа наутро од 7 до 8 и попладне од 15 до 16 часот.
Иако тука минуваат и сообраќајците полицајци и се сведоци на гужвите, не се случило да во овој период сообраќајот го регулира полицаец сообраќаец. Па така , како во џунглата, владее законот на посилниот, поточно појаката кола, без огелд од кој правец доаѓа.
Tweet |