Петар Печков
Објавено: вторник, 26 август 2014
Во првата половина на годинава бројот на пријавени случаи на кривичното дело семејно насилство е во опаѓање. На подрачјето на Велес, полицијата регистрирала четири кривични дела сторени при семејно насилство, што претставува намалување во однос на истиот период минатата година кога биле регистрирани 11 кривични дела.
За разлика од кривичните дела, прекршоците ова полугодие бележат зголемување, односно регистрирани се 6 прекршока извршени помеѓу членови на потесното семејство за разлика од истиот период минатата година кога не е регистриран ниту еден прекршок. Зголемување се бележи кај поплаките поднесени од лица против членови на нивните семејства, така што нивниот број ова полугодие изнесува 67, за разлика од минатата година кога се поднесени вкупно 58 поплаки.
Во анализираниот период извршени се 4 кривични дела од кои три кривични дела „телесна повреда“ и едно кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како сторители на кривични дела во сите случаи се јавуваат лица од машки пол, односно , три сторители- сопруг и еден сторител - син. Според начинот на извршување , три се извршени со употреба на физичка сила или закана, едно кривично дело е извршено со употреба на оружје. Сите сторители при извршување на кривичните дела биле во состојба на психичко растројство – велат од СВР Велес.
Во првото полугодие од 2014 година на подрачјето на Велес регистрирани се шест прекршока од областа на семејното насилство.
Сите прекршоци се извршени од лица машки пол и тоа во два случаја над сопруга, еден случај над родител, еден случај над поранешен брачен другар, еден случај над лице во вонбрачна заедница и еден случај на останати роднински врски. Двајца од сторителите ги сториле прекршоците под дејство на алкохол, тројца биле при психичко растројство и во еден случај под дејство на наркотични средства. Според начинот на извршување, во четири случаи со употреба на физичка сила – додаваат од СВР Велес.
Во првото полугодие од 2014 година на подрачјето на Велес регистрирани се 67 поплаки кои се однесуваат на семејно насилство. 60 од сторителите се лица од машки пол и седум се лица од женски пол. Во најголем број случаи поплаките за семејно насилство се поднесени од сопруги-25, сопруг 2, дете 3, родител12, поранешен брачен другар 4, лице во вонбрачна заедница 1 и 20 случаи останати роднински врски.
Притоа, најголем број од поплаките се при психичко растројство 54, под дејство на алкохол 11, под дејство на наркотични средства 2 објаснуваат од СВР Велес.
Tweet |