речник контакт

Силниот ветер куткаше дрва во Велес

Од вчера попладне без струја се делови од Општина Чашка

Петар Печков

Силниот ветер кој претпладнето дуваше во Велес и велешко  кутна три дрва. Тоа се случи во дворот на Затворот кај Горно Оризари, во дворот на ОУ Блаже Конески и во близина на касарната. Екипите на ЈКП Дервен веднаш откако биле информирани за ова излегле на терен и ги отстраниле дрвјата.

„Побарана е наша интервенција за отстранување на дрвја кои паднале од силината на  ветерот. Вработени од РЕ Паркови и зеленело излегоа на терен и во најкус можен рок ги отстранија дрвјата“ - кажаа од ЈКП Дервен.

Од велешка служба на Итната помош соопштија дека до 15,30ч ч. никој нема побарано помош поради повреда здобиена од паднатите дрва.Ветерот претпладнево дуваше во велешко со брзина од 45 км/ч додека на моменти ударите имале брзина од 70 км/ч. 

Од вчера попладне од 17,30 часот повеќе населени места  општина Чашка се без електрична енергија, како и некои од селата во велешко -Ораовец, Раштани, Бузалково.

„Дел од населените места добиле струја утринава, додека дел немаат и во овие моменти 15,30ч. Екипи на ЕВН работат електрична енергија да добијат  Богомила и Бузалково“ - кажаа од Центарот за управување со кризи од Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »