Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 август 2011
И додека во ПЕ на Фондот за здравство во Велес има редици и гужви за пререгистрација на невработените, заради добивање на бесплатни сини картони, од друга страна се бара укинување на оваа мерка.
Членови на Движењето за Социјална Правда „Ленка“ поднесаа четири ургентни претставки до Уставниот суд против најновите измени и дополнувањана Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, и една претставка против измените на Законот за здравствено осигурување.
Поради штетноста на овие законски измени, под итно бараме и донесување судска времена мерка засуспензија на примената на овие два катастрофални закона, поточно инсистираме на носење решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени, или што допрва ќе бидат преземени, врз основа на конкретните оспорени законски одредби.
Според ДСП ,,Ленка,, Проблемите во оваа сфера започнале во 2008 година, кога се намалени придонесите од плата кои ги плаќаат работодавачите во ФЗОМ: стапката за здравствено осигурување беше намалувана сукцесивно во три навратa: од 9,2% на – 7,5% во 2009 год.; 7% во 2010-та и 6% од 2011.
Но, иако во меѓувреме, бројот на осигурениците активни работници статистички порасна, тоа не доведе до зголемување на приходoт на ФЗО врз оваа основа – што беше и главната цел на „реформата“, која денес го доживува сопственото фијаско. Напротив, во периодот 2008–2010, дошло до огромно намалување на приходите на Фондот за над 1.880.970 ЕУР и тоа само по овој основ! За дополнително влошување на ситуацијата придонело и необјаснивото зголемување на расходите за администрирање на Фондот, во истиов период, за рекордни 1.437.025 ЕУР.
При ваква алармантна ситуација, смдетаат во ,,Ленка,, наместо ресорните министерства и Владата на РМ сериозно да ја преиспитаат својата „развојна“ политика на намалување на придонесите, тие се одлучиле за една класична неолибералистичка доктрина која е уште попогрешна и само ќе го продлабочи јазот на класно раслојување меѓу народот.
Tweet |