Петар Печков
Објавено: среда, 22 април 2015
Активистите на Општинскиот Црвен крст вчера изведоа акција за расчистување на скејт паркот. При оваа нивна активност беа собранаи две кесиња на употребувани средства од нарко зависници, игли, шприцови и останат медицински прибор.
Ова е прва активност од реконструкцијата на Скејт Паркот која се состои од собирање медицински отпад а беше спроведена заедно со два волонтери од проектот „Намалување на штети од употреба на дроги - Harm reduction “ Општинска организација на Црвен Крст - Велес.
Во периодот што престои тие заедно со Општина Велес целосно ќе го обноват Скејт Паркот. Во следниот период локалната валст ќе постави нови скејт елементи, дотраената урбана опрема ќе се реконструира со нова, ке се постави ново освлетување , клупи за одмор и ќе се реконструираат лулашките и другите елементи за игра на деца.
Tweet |