речник контакт

Скокнал пред вереницата во провалија, се појавил утрото во болница

Филмска приказна на Ветерско со среќен крај. Зошто идниот младоженц скокнал пред невестата во провалија? Како го барале не го нашле а тој жив се појавил во болница??

Петар Печков

Саботата вечер драма се случувала на паркингот кај месноста ,,Ветерско,, . Момче скокнало во провалија пред идната невеста, го барале го немало, за утрото да се појави во болница.  Повеќе детали објави МВР. 

Саботата вечер 13-ти мај  околу 19,10 часот на автопатот Скопје -Велес на паркинг просторот кај м.в.„Ветерско“, Е.К. (30) од Пехчево, се паркирал со возило, излегол од истото и скокнал во провалија, во присуство на неговата вереница и нејзиниот вујко. Од страна на екипа од ЕСЗ„Тигар“ извршено било пребарување на теренот, но не бил пронајден до 24,00 часот, по што потрагата била прекината.  Неделата утрото 14-ти мај  околу 04,00 часот во ПС Велес од ЈЗУ Велес Интерно одделение, пријавено било дека кај нив лекарска помош побарало лицето Е.К., кој бил донесен од негов роднина – пишува во писмената информација на МВР.  

Најавуваат дека  работат на целосно расчистување на настанот.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »