Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 април 2012
Езеро Младост, вообичаената деситинација на велешани за првомајскиот викенд годинава е како ретко кога празно. Малку гости а тие што се присутни повеќето се од Скопје. Тие освен покрај брегот ги има и на трите мотели и тамошните летни тераси. Освен скопјани, кои можат да се препознаат по автомобилите, тука се и рибарите кои ги има во голем број покрај брегот.
Велешани ,а најмногу младите го плаќаат данокот од зимата, кога поради снегот имаа десет дополнителни дена неработни, кои сега ги обработуваат секоја сабота. Па така младите пресметале дека за еден ден не им се исплатува да дојдат на езерото и кампуваат. Годинава езерото Младост гостите ги пречека со невообичаено високо ниво, кое е за пет метра подлабоко во копното.
Tweet |