речник контакт

Словенки ги учат Македонките како од отпад да создадат корисни предмети

Проектот за економска зајакнување на жените од Вардарски регион се спроведува со помош на Министерството за надворешни работи на Словенија и Фондацијата Фокус

Петар Печков

Педесетина жени од Македонија се обучуваат како да го продадат тоа што тие знаат и умеат да го сработат. Во тоа им помагаат две Словенки, кои  на  креативна работилница во Велес им го пренесуваат нивното знаење. Тие донесоа дел од тоа што дома, во Љубљана сработиле, за да им покажат дека од отпад може да се создаде предмет кој ќе се продава. 

Овој ранец чини 85 евра а е создаден до плакат од билборд, сошиен од околу вратник за мобилен. Имаме и парче јутена вреќа од кафе, која чини 5 еврa е замена за виледа сунѓер за миење садови. Нудиме  паричник кој е создаден или плетен од плакати за филмови, се продава 6 евра. Тука е и платното од стар чадор,  од кое  создадовме торба за пазарење, вредна 15 евра. Има  се повеќе отпад од кој може да се направат корисни нешта, да се создадат други предмети кои можат да се продадат. Тоа што го знаеме и научивме, ќе им го пренесеме и на македонските жени  - објасни Маја Модријан.  

Така пластично  им ја објаснуваше идејата дека е важна идејата па креациите можат бргу да се направат. Таа и нејзината колешка Маја Ријавец се обучувачи од   културно- еколошка организација ,,Сметумет,,. Имаат своја линија производи од отпаден материјал .

Проектот  за економска зајакнување на жените од Вардарски регион се спроведува со помош на Министерството за надворешни работи на Словенија  и Фондацијата Фокус од Велес. Посетителките се од неколку градови од Повардарјето, Велес, Свети Николе, Кавадарци, Неготино, Демир Капија. Сите по низа случајности од животот, останале дома и не се во редовен работен однос.  Тие посетуваат обуки за развивање на креативни вештини и искористување за претприемачки цели  за продажба.  

Работев во Земјоделскиот Комбинат ,,14 септември,, од Свети Николе, веќе 15 години сум дома, имам 20 години стаж, никаде не работам. Се надевам дека нешто ќе научам и ќе можам да го продадам тоа што го имам и знам да гоработам - вели една од жените посетителки на проектот.

Таа имаше донесено голем број домашни рачни изработки од конец, плетени и везени парчиња. Тие не се доволно атрактивни и  интересни за македонскиот пазар, иако се вредни а странците ги бараат. Посетителките до крајот на јуни, до кога ќе посетуваат обука,  ќе можат да научат изработка на накит, обработка на предмети од текстил,  ликовни техника, традиционални техники  на плетење и шиење и изработка на предмети од  рециклиран домашен и индустриски отпаден материјал.  Најголем интерес има  за изработка на накит. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »