речник контакт

Смртта на Џавит се уште неразјаснета

Обвинителството истражува дали смртта е насилна или не

Петар Печков

Смртта на велешанецот Џавит Ибраимов  (62 год) кој беше пронајден починат во неговиот дом на 8-ми септември, минатата година  велешкото Јавно обвинителство се уште ја истражува. Случајот не е затворен и по  добиената обдукција .    

Писмениот извештај од извршената обдукција  е примен. Истиот се разгледува во корелација со останатите докази, при што се уште се чека на вештачења на подигнати траги и споредбени анализи –изјавија од ОЈО Велес, одговарајќи на поставеното прашање.

Џавит Ибраимов беше пронајден мртов  околу 20 часот, на 8-ми септември,  во неговиот дом. Тој бил  облеан во крв  и лежел на подот.  Телото било  пронајдено на горниот кат  од семејната куќа на улица   Јордан Џурнов бр.13, во претсобјето. Бил мртов неколку дена, па лоша реа се ширела по околината.  Член на семејството кажа дека тие одамна  ја  добиле обдукцијата.

Обдукцијата од патологија кажува дека Џавит почнал од задушување. Крвта која се слевала внатре низ градите довела до негова  смрт. За друго не знаеме што и како – вели соговорникот.     

Соседите за Ибраимов  велат дека бил мирен  човек, не  комуницирал многу, ако биде  прашан ќе одговорел и толку.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »