Петар Печков
Објавено: петок, 15 април 2016
Минатата седмица во студиото ,,Ансатасија,, во Скопје заврши снимањето на новата, обновена верзија на македонската народна песна ,,Пушти го коработ ле гемиџиче,,. Песната е дел од старите песнарки на Васил Хаџиманов, таму ја пронашол велешанецот Љупчо Данов.
Текстот за нумерата наменета за Гемиџиите, го препеа токму Данов а ја снимија повеќе велешки музичари, собрани за потребите на оваа песна, Крсто Џгуров, Стојанче Иванов, др.Ефтим Димитриев и Златко Кајшаров
Песната е запишана од Хаџиманов 1937 г. во село Мрежичко, Кавадаречко. Настанала околу 1910 год., некогаш била пеана, па заборавена. Крсто Џгуров и Стојанче Иванов направија нов аранжман, а Ефтим и Златко ни се придружија и во тонското студио ,,Ансатасија,, во Скопје, точно на празникот Благовец, се сними песната - обајснува Данов.
Фолк нумерата ќе се промовира во деновите пред почетокот на годинешнава Вардарска Регата која се одржува при крајот на месец јуни, во чест на велешките Гемиџии. Веќе е направен омот, испечатено е и изрежано промотивното ЦД а екипата која ја обнови песанта ,,Пушти го коработ ле гемиџиче,, се надева дека таа ќе стане своевидна химна на Регатата.
Tweet |