Петар Печков
Објавено: сабота, 30 март 2019
Петокот претпладне возач со автомобил удрил лице кое управувал мопед, му нанел скршеница и побегнал. Полицијата четири часа подоцна го открила. Сообраќајката се случила околу 10 часот.
На ул.„Гоце Делчев“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А3“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(41) од Велес и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од З.М.(61) од Велес. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес каде се констатирани скршеници. По незгодата, возачот на возилото не застанал, но во 14.00 часот бил пронајден и приведен - информираа од МБР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причинети за сообраќајката. .
Tweet |