Петар Печков
Објавено: среда, 01 октомври 2014
Изминатиот викенд започна жетвата на оризот во велешко. На првите површини жнеењето беше рачно со срп, поради тешките услови за работа на механизацијата. Овој регион има идеални услови за одгледување на ,,белото злато,, кое се враќа по полињата.
Според податоците на Министерствово за земјоделие во велешко годинава посеана е површина од 25 хектари а има потпишано договори со 20 оризо одгледувачи. Тие првично се задоволни од годинашниот род. Засега не е позната откупната цена на оризот, лани беше во просек 25 за кг.
Малку тешко е за почеток да се започне жетвата, оти дождовите го полегнаа оризот. Има кал по полињата, тешко ќе оди. Но важно е дека има добар род. Ова е првичната оценка. Очекувам дека маката околу одгледувањето на оризот, годинава ќе се исплати – вели Акан Палaноски од селото Голозинци велешко.
Тој има три хектари под ориз. Минатата година во велешко оризот беше засаден на 24 хектари и даде род од 144 тони. Најголемиот дел од овие површини е во општина Чашка, по течението на реката Тополка, и селата Лисиче, Голозинци, Еловец, Чашка. ХС Лисиче овозможи на наводнување на оризовите полиња и во многу им помогна на земјоделците од овој крај, оризот да се врати во велешко.
Пред 30-тина години оризот се огледуваше на 500 хектари во, сега на многу помалку, но од година во година површините скромно но растат.
Tweet |