Петар Печков
Објавено: петок, 19 февруари 2021
Неколкукратно е зголемено собирањето на картонската амбалажа и пет амбалажата во Велес. Ова го покажуваат бројките кои ги достави локалната власт до велешките советници. Лани собрана била картонска амбалажа во количина 25,6 тони и 77,2 тони картонска амбалажа.
„Во вечерните часови се врши и одделно собирање на картонска амбалажа од трговските објекти. За таа цел ангажирано е возило кое врши собирање само на картонска амбалажа директно од пред трговските објекти. Продажба и откуп на целокупната стара хартија и картон што ЈКП Дервен ќе ја собере се предава на фирма која ја откупува“ - кажаа од Општина Велес.
За илустрација количеството на собрана картонска амбалажа е зголемено од 54.255 тони во 2017-тата, 47.640 тони во 2018-та, 24.590 тони во 2019-та и лани 2020-тата 77.192 тони.
Количеството на пет амбалажа собрани во општина Велес изминатите години е симболично за лани да биде многу пати зголемено. Тоа се движи од 2.4 т. во 2018-та, 5.06 т. во 2019-та и 25.875 тони во 2020-тата.
„Радува фактот што количините на одложен комунален отпад на депонија се намалуваат што подразбира дека селекцијата почнува да функционира“ - констатираат од Општина Велес.
Tweet |