Петар Печков
Објавено: петок, 13 март 2015
Три велешки семејства добија парична помош за нивните домови кои беа опожарени, во помал обем. Севдие Дестанова, Лиза Стојанова и Драган Илиев со одлука на Советот добија по 15.000 денари за помош поради пожар на семејна куќа.
Љубица Малинова доби 10 илјади денари како помош за меѓународниот натпревар за талентирани музичари во Тревизо – Италија.
Ланската година пак за помош поради опожарување Советот издвоил 155 илјади денари. Или вкупно 394.000 денари за пожар, поплава, учество на велешки спортисти на светски и европски првенства, ученичка олимпијада, за родена тројка, за спасување на давеник, освојување на планински врв.На почетокот од годинава, градоначалникот и Советот за два месеци одвоија заедно издвоија 350 илјади денари.
Tweet |