Петар Печков
Објавено: петок, 01 ноември 2024
Со одлука на Советот од февруари ова година, просторија на Општина Велес, во противпожарниот дом, каде имааа спортски активности, пинг понг маса, ја отстапија на бесплатно користење на СВР Велес -Сектор за управни работи. И тоа наменски за издавање на лични карти.
Бидејќи ово сектор побрал рокот да се продолжи до 31 јануари 2025 година, истата точка беше ставена пред советниците и едногласно прифатено. Но имаше и предлог, наместо оваа просторија , како и за другите кои се таму, за пасоши, државјанство, лични карти, возачки дозволи да се отстапи некој простор која е поблиску до центар.
„Зошто да не им отстапиме просторија од некогашниот Хотел Вила зора или од ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот. И така се празни. Граѓаните нема да имаат потреба да одат толку далеку. Околу нив доле, покрај Вардар има паркинг и е прифатлива локацијата. Во центар во Синдикат има место, но нема паркинг“ - предложи советникот Марјанчо Николов.
Tweet |